25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов пад на невработеноста во еврозоната

Нов пад на невработеноста во еврозоната

nevrabotenievrozona468484

Невработеноста во еврозоната се намалила на нов четиригодишен минимум, покажаа денес податоците на Еуростат. Во октомври стапката на невработеност во земјите кои го користат еврото како основна валута, се намалила на 10,7 проценти во однос на 10,8 проценти кои беа забележани еден месец претходно.

Ова е најниското ниво на невработеноста од крајот на 2011 година. До нов рекорден минимум се намалило и нивото на невработеноста во Германија – 6.3 проценти.

Иако нивото на невработеност во еврозоната во целина се уште е високо, тоа сепак бележи пад од 1,5-процентни поени, од 12,2 проценти кои беа забележани на средината на 2013 година. Економијата на еврозоната се опоравува, но со релативно слабо темпо.

Невработеноста во јужните земји на ЕУ се уште е многу висока, односно над 20 проценти во Грција и Шпанија, покажуваат последните информации од Еуростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП