19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛекарите предупредуваат на прекумерните земања аналгетици за мигрената

Лекарите предупредуваат на прекумерните земања аналгетици за мигрената

migrena-03.09

Германскиот Институт за квалитет и ефикасност на здравствената грижа (IQWiG), ги предупредува лицата коишто патат од мигрена да не претеруваат со користењето на средствата против болки и дека треба да ги ограничат на најмногу десет дена месечно.

Прекумерното земање аналгетици може да доведе до хронични секојдневни главоболки, предупредуваат здравствените стручњаци од IQWiG, чијашто задача е да обезбедат независни и проверливи здравствени информации.

Мигрените можат значително да ги ограничат активностите и ги следи пулсирачка продорна болка во делот од главата, а често и чувство на мачнина или повраќање, како и чувствителност на звук и светлина. Симптомите може да траат од неколку часа до неколку дена.

Од IQWiG, исто така, истакнуваат дека освен тешките симптоми, лицата кои имаат мигрени патат и од стравови од нови напади на болката, што претставува дополнителен товар и предизвикува загриженост околу тоа како мигрените ќе влијаат на животот и на работните обврски.

На лицата коишто патат од мигрена може да им помогне когнитивна бихевиористичка терапија или автогениот тренинг, како и аеробните вежби потсетуваат германските лекари.

Во текот на нападот на мигрена пациентите треба да лежат во темна и тивка соба и да користат студени облоги. Болките делумно може да ги ублажат разни аналгетици, а доколку не се доволно силни, тогаш на располагање се триптаните кои предизвикуваат стеснување на крвните садови во мозокот и блокирање на патиштата преки кои се пренесува сигналот за болка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП