25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei ќе претстави смартфон со ротирачка камера

Huawei ќе претстави смартфон со ротирачка камера

rot kamera huawei

Нова реклама, распространета од најбрзо растечкиот кинески производител на паметни телефони – „Huawei“, покажува најава на нов модел со ротирачка камера за 180-степени.

Ова ќе им овозможи на смартфоните да снимаат висококвалитетни фотографии и „селфи“ – идеја која веќе се користи од други производители, како на пример кинеската компанија „Oppo“. Моделот „Oppo N1“ нуди 13-мегапикселна камера која може да се ротира и да снима „селфи“ фотографии.

Покрај камерата, рекламата не дава приказ за останатите технички карактеристики на уредот.

Според податоците на консултантската компанија „Gartner“, „Huawei“ бележи најголем раст на продажбата за трите месеци до септември. Компанијата држи 7.7% од глобалната продажба на паметни телефони во третиот квартал во однос на 5,5% во истиот квартал од изминатата година.

Оваа година „Huawei“ го пушти на пазарот својот прв смартфон „Nexus“ наречен „Nexus 6P“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП