25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо го продава Коста, приоритет Варди, Милер и Гризман

Мурињо го продава Коста, приоритет Варди, Милер и Гризман

2EE72B3900000578-3338294-image-m-29_1448808333264

Жозе Мурињо, менаџерот на Челзи, решил во јануарскиот преоден рок, да се откаже од услугите на Диего Коста, а нападот да го освежи со Џејмс Варди, Томас Милер и Антоан Гризман, пренесуваат англиските медиуми.

Мурињо и Диего Коста имаа вербален дуел на полувремето од натпреварот во Лигата на шампионите против Макаби, а истото се повтори и на мечот во неделата против Тотенхем. Најпрвин шпанскиот репрезентативец одбил да се загрева со соиграчите откако му било соопштено дека нема да го започне натпреварот, а потоа во финишот кога му стана јасно дека нема да влезе во игра, својот маркер го фрли во правец на Мурињо.

Парите од трансферот на Диего Коста, Мурињо би ги инвестирал во тројцата споменати играчи.

Варди е вистинска сензација и нов рекордер во Премиерлигата, стрелец на 11 последовни натпревари, а Гризман е најдобриот играч на Атлетико Мадрид. Проблем на Мурињо ќе му преставува Милер, кој неколку пати изјави дека е задоволен во Баерн, но за Германецот интерес покажува и Манчестер Јунајтед.

Фудбалерите на Челзи, во 14 натпревари во Премиерлигата имаат постигнато само 17 голови. Напаѓачите на ’сините’, Диего Коста, Радамел Фалкао и Лоик Реми, заедно имаат постигнато само четири гола во Премиерлигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП