20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкарскиот и рударскиот сектор ги поттикнаа европските берзи

Банкарскиот и рударскиот сектор ги поттикнаа европските берзи

akcii trguvanje

Цените на акциите на европските берзи во вторникот благо пораснаа, втор ден по ред, а најголем пораст имаше во банкарскиот и рударскиот сектор.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции беше во 11.00 часот во плус 0,2 отсто, на 1.521 поен, откако вчера зајакна 0,4 отсто.

Лондонски FTSE индекс истовремено е во плус 0,45 отсто, на 6.387 поени, додека франкфуртски DAX ослабна 0,10 отсто, на 11.371 поен, а париски CAC 0,25 отсто, на 4.946 поени.

Најмногу, за над 1 отсто, изутрината скокна индексот на банкарскиот сектор, што се должи на силниот раст на цените на акциите на британските банки.

Акциите на Standard Chartered, Lloyds Group, Royal Bank of Scotland, HSBC и Barclays поскапеа помеѓу 1,2 и 2,7 отсто бидејќи сите го минаа стрес тестот на Британската централна банка.

Монетарните власти порачаа дека условите за кредитирање во државата закрепнаа од финансиската криза и дека банките не треба да преземаат никакви дополнителни мерки, што им остава простор за зголемување на дивидендите во следните години, велат аналитичарите.

„Резултатите од стрес тестовите сугерираат дека централната банка би можела да го попушти притисокот на зголемување на каматите во секторот по неколку години минати во посткризни реформи“, вели Аугустин Идн, аналитичар во компанијата Accendo Markets.

Осетно за 0,7 отсто порасна и индексот на рударскиот сектор бидејќи цените на металот пораснаа благодарение на падот на доларот.

Поддршка на берзите им пружаат и надежите дека Европската централна банка оваа недела би можела да најави натамошно олабавување на монетарната политика.

Поради сето тоа, инвеститорите денеска ги занемарија новите сигнали за забавување на растот на кинеската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП