20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска воведува данок на капитална добивка

Хрватска воведува данок на капитална добивка

773611db64b7b98ab253c36ba9b3d1fa

Хрватска наредната година воведува данок на капитална добивка по стапка од 12 отсто, односно ќе се оданочува добивката од тргување со акции.

Според мислењето на учесниците на пазарот, оваа новина не е добредојдена, бидејќи ќе ги одврати инвеститорите од вложување на берзата, пишува Večernji list.

Очекуваме дека ваквото даночно оптоварување ќе има негативно влијание на пазарот на капитал поради неповолното пресметување, пријавување и плаќање на самиот данок за кој сметаме дека не е примерен за нашата берза, а и економски е неефикасен, смета претседателот на управата на Загрепска берза, Ивана Гажиќ.

Таа оцени дека особено ќе бидат обесхрабрени помалите инвеститори кои се значаен генератор на ликвидноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП