29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона и Меси најдобри во Примера

Барселона и Меси најдобри во Примера

hi-res-163895080_crop_north

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, рекорден шести пат е прогласен за најдобар играч и напаѓач во шпанската Примера. На доделувањето на наградите за најдобрите во Примера, доминираше актуелниот шпански и европски првак Барселона.

Стручната комисија одбра по тројца фудбалери на секоја позиција, а потоа гласаа фудбалерите од Првата и Втората шпанска фудбалска лига. Каталонците освоија пет трофеи.

Меси ја освои наградата за најдобар напаѓач и најдобар играч, Клаудио Браво за најдобар голман, а Нејмар за најдобар фудбалер од Јужна Америка, бидејќи Меси не беше во конкуренција.

Награди имаше и за играчите на Реал, Хамес Родригез ја доби наградата за најдобар играч од редот за врска, а Серхио Рамос за најдобар дефанзивец.

Најдобар тренер е Луис Енрике, додека нагрaдата за најдобар фудбалер од Африка заврши кај Алжирецот Софијан Фегули од Валенсија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП