28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛевандовски, четирикратен Гинисов рекордер (видео)

Левандовски, четирикратен Гинисов рекордер (видео)

robert lend

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, стана сопственик на четири Гинисови рекорди, и тоа само поради достигнувањата на натпреварот против Волфсбург во Бундеслигата.

Полскиот репрезентативец на мечот со Волфсбург во игра влезе во второто полувреме при резултат (0:1) и во периодот од 51-ва до 60-та минута на фудбалскиот свет му приреди неверојатно шоу. Најпрвин го израмни резултатот во 51-ва минута, а потоа во наредните осум минути постигна уште четири гола и влезе во Гинисовата книга на рекорди.

„Леванголски“ стана сопственик на најбрзиот „хет трик“ во историјата на Бундеслигата, играч кој најбргу постигнал четири односно пет гола на еден натпревар во германското првенство и играч кој постигнал најмногу голови откако во игра влегол како резерва.

„Коцките се наредија – тајмингот, среќата, подготвеноста, мојата форма и самиот натпревар. Секако дека не би сакал моите рекорди да бидат соборени. Во овој момент сум среќен што овие рекорди се мои“, вели Левандовски.

Поранешниот напаѓач на Борусија, сезонава во Бундеслигата има постигнато 14 голови на 13 одиграни натпревари, а во сите натпреварувања е стрелец на 19 голови на исто толку одиграни натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП