19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBugatti продаде 100 автомобили секој вреден 2,4 милиони долари

Bugatti продаде 100 автомобили секој вреден 2,4 милиони долари

chiron 300

Што е поненормално од тоа да си купиш автомобил за 2 милиони долари? Да купиш автомобил за 2 милиони долари, што дури не си го видел на фотографија, да не зборуваме за тест-возење!

Вчера од „Bugatti“ најавија дека ќе го претстават својот нов суперавтмобил „Chiron“ за време на автомобилскиот саем во Женева во март. И покрај фактот дека засега нема официјални фотографии на автомобилот и никој немал можност да направи тест-возење, компанијата веќе има добиено 100 нарачки за возилото.

Ова е особено импресивено, бидејќи од „Bugatti“ се уште не ја објавиле официјално цената на „Chiron“, но богатите колекционери на автомобили, кои биле присутни на специјалниот настани поврзан со него, споделија дека цената ќе биде 2,4 милиони долари. За да го нарачаат автомобилот, потенцијалните купувачи треба да платат 200.000 долари депозит.

Продажбата се уште е еден доказ дека луксузниот сегмент на пазарот, резервиран за милијардери и мултимилионер, останува силен, и покрај економските проблеми на глобално ниво.

Моделот „Chiron“ е наследник на „Bugatti Veyron“, која беше претставен во 2005-та година и стана најбрзиот производствен автомобил во светот, а верзијата „Super Sport“ оствари 415 км/ч и имаше максимална моќност од 1.200 коњски сили. Произведените 450 возила беа распродадени, а најновата верзија на „Veyron“ оваа година заврши со производството.

За „Chiron“ се зборува дека е уште помоќен и побрз. Шпионските фотографии направени за време на тестовите на „Chiron“, укажуваат дека станува збор за автомобилот со повеќе еволуција отколку за револуција. Основната форма на возилото се задржува. Во предниот дел, сепак тој е изострен. Засега не е јасно кога ќе почнат испораките на возилото. Од компанијата сепак најавија дека „Chiron“ се тестира на неколку континенти при најразлични патни и климатски услови.

Автомобилот „Chiron“ го носи името на Луј Широн, легендарниот тркач со автомобили на „Bugatti“ во 20-тите и 30-тите години на минатиот век.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП