25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВинер Осигурување со три пати зголемен профит во 2015-та

Винер Осигурување со три пати зголемен профит во 2015-та

Winner - Vienna Insurance Group 13333

Одличните резултати се должат на креирањето дополнителна вредност за клиентите преку најадекватни цени, ефикасно решавање и брза исплата на штетите, како и подарок со секоја полиса, велат во Винер.

Со завршувањето на третиот квартал и сумирањето на досегашните деловни резултати, осигурителната компанија Винер – Виена Иншуренс Груп информираше дека остварила огромен раст на профитот од дури 304% во однос на истиот период изминатата година. Истовремено, компанијата го зголемила нивото на капиталните инвестиции за високи 140 милиони денари, споредено со лани.

„Одличните резултати кои во континуитет ги прикажуваме се плод на нашите успешни заложби да обезбедиме врвно ниво на услуга и сигурност за нашите клиенти. Тоа ни го овозможува активното реинвестирање на профитот на компанијата во создавање дополнителна вредност за клиентите која се огледува во најадекватните цени за најопфатно осигурително покритие, најефикасната и најдинамичната исплата на штети и вредните подароци за секоја полиса“, изјави Генералниот директор на Винер Осигурување, д-р Зоран Нарашанов.

Од компанијата уште истакнуваат дека клучот на нивниот успех е компактниот тим составен од врвни и докажани професионалци во струката и талентирани млади луѓе, кои од ден на ден го вложуваат сиот свој личен и деловен капацитет во задоволството на секој клиент на Винер. Инаку, само оваа година бројот на вработени во компанијата преку проектот „Кариера во Винер“  е зголемен за 30 луѓе, со што вкупниот број на вработени ја надмина границата од 200.

Покрај одличните резултати, годинава за Винер – Виена Иншуренс Груп донесе и уште една позитивна промена. Имено, компанијата започна да работи во уште поголеми простории лоцирани на Бул. Борис Трајковски, кои се подостапни за клиентите и соодветствуваат на динамичниот развоен план на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП