28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакциите го зголемија прометот на Македонската берза

Блок трансакциите го зголемија прометот на Македонската берза

mak berza2222

Трговскиот ден на Македонската берза за хартии од вредност во понеделникот беше отворен со блок трансакција на акцијата на „Коппер Инвестментс“ АД Скопје.

Вкупно 2.500 акции по цена од 4.944 денари беа истргувани, со што беше остварен промет од 12.360.000,00 денари.

Сепак, ова не беше доволно за акцијата да го заземе првото место по остварен промет. Таму се позиционираше акцијата на „Стопанска Банка“ АД Битола со вкупно реализиран промет од 12.651.211,00 денари остварен преку системски блок со 10.668 акции по цена од 1.100 денари, како и 869 акции во регуларното тргување по просечна цена од 1.054,56 денари, што претставува пад на вредноста на акцијата од 4,57 отсто.

Во понеделникот беа истргувани уште две акции со промет од над милион денари. Со акцијата на „Скопски пазар“ АД Скопје беше остварен промет од 6.466.662,00 денари, додека акцијата на „Комерцијална банка” забележа промет од 1.266.326,00денари.

Вкупниот промет изнесуваше одлични 36 милиони денари, при што МБИ-10 забележа пад од 4,55 отсто и изнесуваше 1.766,59 поени, додека пак ОМБ се намали за минимални 0,24 отсто и изнесуваше 127,81 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП