23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија со раст од 2,5 отсто во третиот квартал

Словенија со раст од 2,5 отсто во третиот квартал

ljubljana

Словенија во третиот квартал од годината остварила реален раст на бруто домашниот производ од 2,5 отсто на годишно ниво, додека на квартално ниво растот изнесува 0,4 отсто, објави во понеделникот словенечкиот завод за статистика.

Доколку се одржи темпото на раст до крајот на годината, БДП ќе порасне за 2,6 отсто во однос на 2014 година, соопшти словенечкиот завод за статистика.

Економската активности доживува благо забавување во однос на претходните најави, а главни фактори на растот се извозот и нешто поголемата потрошувачка.

Приватната потрошувачка со раст од 1,3 отсто во третиот квартал и натаму го поттикнува БДП, додека јавната потрошувачка пораснала за 1,2 отсто.

Од друга страна во пад се бруто инвестициите, но позитивен податок е дека се зголемуваат инвестициите во опрема и машини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП