20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈКП од Дебар ќе бара кредит за исплата на придонесите

ЈКП од Дебар ќе бара кредит за исплата на придонесите

komunalno debar

Советот на општина Дебар донесе одлука да дозволи на Јавното Комунално Претпријатие Стандард да побара кредит од Стопанска банка за да ги исплати придонесите за пензиско и инвалидско осигурување за цели 12 години 2002 – 2014 година, кога платите се земале без да се платат придонеси.

Директорот на Стандард Мазлим Леши рече дека по контактите со Владата и Општина Дебар е заклучено дека нема друго решение освен самокредитирање на претпријатието.

Вработените се согласни да се земе кредит во висина од 860 илјади евра додаде Леши.

Техничкиот директор Фатмир Алили објасни дека станува збор за кредит кој треба да се плаќа 15 години со месечна рата од 6.700 евра.

Во јавното претпријатие Стандард во кое се вработени над 100 лица, платите во 2015 година се  добивани со претходна наплата на придонесите, но поради тоа што придонеси не се наплатувани 12 години повеќе поранешни вработени заминати се во пензија со понизок работен стаж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП