20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо почетокот на неделата мирно на нафтените пазари

Во почетокот на неделата мирно на нафтените пазари

nafta 222

Цената на нафтата денеска се задржа на светските берзи под ниво од 45 долари, а внимателноста на инвеститорите е насочена на прекумерната понуда и седницата на OPEC и податоците од американскиот пазар на труд.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 44,80 долари. Позначителна промена нема во цената ниту на американскиот пазар, каде се тргуваше по цена од 41,64 долари.

Двата пазарa се на добар пат да го завршат месецот во ценовен минус од 10 отсто.

Во фокусот на вниманието е претстојниот состанок на Организацијата на држави-извознички на нафта (OPEC), на кој членките би требало да ги усогласат ставовите за производствена стратегија во контекст на сегашните ниски цени на нафтата.

Повеќето аналитичари не очекуваат намалување на производството но водат сметка за можноста Саудиска Арабија да биде сега порасположена за соработка со останатите членки во насока на поддршка на цените од што досега беше случај.

OPEC и Русија би можеле „координирано да се обидат во некој облик да го намалат производството“, изјави Џонатан Барат од сиднејски Ayers Alliance.

„Пазарот и натаму е прекумерно снабден, но навистина ми се чини дека тоа би можело брзо да се промени доколку се променат каматните стапки во САД, што би значело и поголема побарувачка“, толкува Брајант.

Трговците од тие причини на крајот на неделата будно ќе го следат извештајот за вработеноста во САД, со оглед дека добра бројка би ги зголемила шансите за кревање на клучните каматни стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП