20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРеволуција кај дисплеите која води до неделно полнење на смартфонот?

Револуција кај дисплеите која води до неделно полнење на смартфонот?

smart polnenje

Научници измислиле „паметен дисплеј“, што со текот на времето може да доведе до вистинска револуција кај смартфоните.

Материјалот измислен од „Bodie Technologies“ – универзитетска компанија која е дел од Оксфорд, е базиран на технологијата што се користи кај „DVD“ на кои може повеќе пати да се снима на нив. „Тачскрин“-материјата користи електрични бранови, за да се создаде слика со минимална потрошувачка на енергија. Тие се живи и видливи, дури и при директно изложување на сончева светлина.

Технологијата може да доведе до вистинска револуција кај смартфоните, каде еволуцијата кај батериите значително заостанува зад онаа на останатите хардверски делови. Високата резолуција на дисплеите пак придонесува за тоа околу 90% од батериите на смартфоните да се троши токму од нив.

„Можеме да создадеме еден целосно нов пазар. Денес корисниците треба да ги полнат смартфоните секоја ноќ, што сериозно го забавува технолошкото ажурирање. Ако имате смартфон со новиот материјал, сепак, ќе треба да го полните истиот еднаш неделно“, според Пејман Хосеин, основач на „Bodie Technologies“.

Новата технологија ветува исклучително висока резолуција на екранот, освен потрошувачката на минимална енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП