28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЉупчо Мирковски - Нов уметнички директор на фестивалот на музика „Макфест“

Љупчо Мирковски – Нов уметнички директор на фестивалот на музика „Макфест“

ljupco12

Новиот уметнички директор на фестивалот на музика „Макфест 2016“, Љупчо Мирковски беше претставен во понеделникот на прес конференција во Општина Штип.

Откако надлежната Комисијата во врска со конкурсот утврди дека документацијата е комплетна, му предложи на градоначалникот на Штип, Захариев да го именува Мирковски како нов уметнички директор.

„Со именувањето на Мирковски за уметнички директор, почнува приказната за Макфест 2016 а факт е дека веќе тече и конкурсот за композиции. Мирковски е долго време со фестивалот, уште од неговите почетоци, зад себе има големи музички успеси а веќе и бил директор на фестивалот во периодот 1991 – 1993 година, што значи дека добро знае во која насока треба да се движи истиот. Тој е и автор на аранжманот на победничката „Свирете ја зајди, зајди„ а да не заборавиме и дека претхoдните две години беше диригент со оркестарот на МРТВ, практично откако се врати настапот во живо“, истакна Кирил Панајотов, од дирекцијата на фестивалот.

Мирковски напомена дека ќе направи се за „Макфест“ да си го добие заслуженото место на македонската забавна сцена и секако веќе размислува за насоката во која ќе се движи фестивалот:

„Јас практично сум цело време со фестивалот и навистина ми е драг. Уште од 1986 го следам, од самите негови почетоци, учествував и со композиции, секако бев и уметнички директор кога имавме и интернационални изведувачи, така што во координација со градоначалникот и одговорните од општината ќе ги разгледаме сите технички прашања околу фестивалот. За тоа дали ќе има три или две вечери, дали ќе настапат интернационални ѕвезди, принципот на гласање, прецизирање на датумите и слично, за сето тоа допрва ќе разговараме. Фестивалот и понатаму ќе биде во живо, во придружба на оркестар, тоа е многу важно. И пејачите се повеќе сакаат да настапуваат во живо“,  кажа Мирковски.

Мандатот на претходното раководство на фестивалот истече, бидејќи согласно Правилникот, директорите беа назначени за период од две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП