25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSwatch и Visa овозможија плаќање со часовник

Swatch и Visa овозможија плаќање со часовник

plakanje swatch

Од швајцарски „Swatch“ беше објавено дека потпишале партнерски договор со „Visa Europe“ за соработка во проектот за мобилно плаќање.

Сите корисници на „Visa“ кредитните картички во САД, Швајцарија и Бразил во почетокот на 2016-та година ќе добијат можност во продавниците да плаќаат со системот „pay-by-the-wrist“.

Мобилното плаќање ќе биде овозможено со помош на часовникот „Swatch Bellamy“, во кој има вградено „NFC“ чип, и тоа на сите продажни места на кои може да се користат бесконтактните картички на „Visa“, беше потенцирано во заедничкото соопштение на „Swatch“ и „Visа“.

Овој начин на плаќање нема да користи електрична енергија од самиот часовник, па од „Swatch“ уверуваат дека со користењето на „NFC“, батеријата на нивниот уред нема да трае пократко.

plakanje swatch1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП