28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕК одобри помош од 2,7 милијарди eвра за Piraeus Bank

ЕК одобри помош од 2,7 милијарди eвра за Piraeus Bank

piraeus_bank333

Европската комисија (ЕК) даде одобрение за државна помош во висина од 2,72 милијарди евра, потребни за грчката „Piraeus Bank“, стои во пораката од Брисел.

Средствата ќе бидат доделени од страна на Европскиот стабилизационен фонд (ESM) преку Грчкиот фонд за финансиска стабилизација (HFSF), согласно изготвениот план од банката за реструктуирање.

Во јули Грција успеа да договори 10 милијарди евра поддршка за банкарскиот сектор. При последниот договор меѓу Атина и кредиторите стана јасно дека парите ќе бидат доделени по оценка за секој поединечен случај.

Од Комисијата потсетуваат дека „стрес-тестовите“ на Европската централна банка (ЕЦБ) на банкарскиот систем на Грција покажаа дека „Piraeus“ има потреба од вкупно 4,93 милијарди евра за стабилизирање. Банката успеа да собере 1,94 милијарди евра од приватни инвеститори, а остатокот ќе биде обезбеден од грчката влада.

„Фактот дека „Piraeus Bank“ успеа да собере голем дел од капиталните потреби од приватните инвеститори е знак за доверба на пазарите“, коментира комесарот за прашања на конкуренцијата Маргарете Вестагер. За неа дополнителната државна помош и спроведувањето на планот за реструктуирање ќе и помогне не само на банката, туку и за оздравување на грчката економија во целина.

„Piraeus Bank“, која е најголемиот кредитор за бизнисите и домаќинствата во Грција, е една од четирите системски банки во оваа земја. На крајот на минатата недела Брисел ги одобри плановите за реструктуирање на две од најважните банки во Грција – „Eurobank“ и „Alpha Bank“. Четвртата системска банка е „National Bank of Greece“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП