24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРаспродадено најбрзото BMW (фото+видео)

Распродадено најбрзото BMW (фото+видео)

BMW-M4-GTS-34

Специјалната верзија „BMW M4 GTS“ е целосно распродадена. Моделот дебитираше пред помалку од два месеци на саемот во Токио и беше пуштен во ограничена серија од 700 примероци.

BMW-M4-GTS-35

Каросеријата е базирана на новото „BMW M4“, но е значително подобрена со цел да се добие подобра динамика. Моќноста кај „M4 GTS“ е зголемена до 500 КС, а вкупната тежина е намалена со 80 килограми, и покрај тоа што се додадени и голем број тркачки компоненти.

BMW-M4-GTS-37

Сето ова го прави „BMW M4 GTS“ во најбрзиот сериска автомобил на марката. Моделот забрзува од место до 100 км/час за 3,8 секунди (за 0,3 секунди побрз од „М4“) и е способен да развие брзина од 305 км/час.

BMW-M4-GTS-38

Импресивно е и постигнувањето на патеката Нирбургринг – 7 минути и 28 секунди, или за 24 секунди побрзо од вообичаеното „М4“.

BMW-M4-GTS-60

Наследникот на машините како „M3 CSL“ (E46) и „M3 GTS“ (E92) има почетна цена од 142.600 евра, што го прави речиси два пати поскап од стандардниот „М4“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП