16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМонако ќе се шири на вештачки полуостров

Монако ќе се шири на вештачки полуостров

110_monaco2

Кнежеството Монако реши да ја прошири својата територија, така што ќе создадат полуостров во морето кој ќе биде со димензии пет на шест хектари.

„Решивме да започнеме проект за проширување во морето на исток од Кнежевството,  соопшти принцот Алберт.

Полуостровот ќе се наоѓа во близина на Грималди форумот, големиот конгресен центар на брегот на морето.

Принцот Алберт прецизира дека во иднина можат да бидат разгледани и други градби во морето.  Тој  најави голем проект за проширување во морето на десетина хектари, на кој ќе се обезбедува место за уште 3000 нови жители.

„Новата површина ќе генерира значителни приходи за буџетот на државата и ќе ги поддржи градежните компании”, додаде принцот Алберт.

Оваа мала земја има доста густ градски пејзаж поради високите кули кои целовреме никнуваат. Тие се плод главно на принцот Рение од крајот на 50-тите години на минатиот век, со кои го доби прекарот “Принцот градител”.

Бизнис Квартот во западниот дел од Кнежеството е изграден целосно на море и е со површина од 22 хектари. Веќе практично нема празни терени за изградба, а старите згради се уништуваат за да се издигнуваат уште повисоки станбени објекти. Во моментов се гради кулата Одеон, првиот облакодер во Кнежевството, која ќе се издига на височина од 170 метри и ќе има 49 ката. Кнежевството се проценува дека ќе има потреба од дополнителни 350.000 квадратни метри на секои десет години, за да гради станбени објекти со кои ќе  привлекува богати граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП