25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсвоен првиот Пасат од инстант лозот Среќни тркала на Државна Лотарија на...

Освоен првиот Пасат од инстант лозот Среќни тркала на Државна Лотарија на Македонија

bbb

Денес,  пред CAPITOL MALL беа врачени клучевите на првиот од 7-те автомобили   VW PASSAT , главната премија од инстант лозот СРЕЌНИ ТРКАЛА. Овој прекрасен автомобил ќе се вози низ скопските улици, а среќната добитничка е Ирена Стојанова.

Инаку Ирена е од оние „повремени“ играчи на инстант лотарија , кои баш и не веруваат во својата среќа. Меѓутоа на денот на нејзината куќна слава купила два инстант лоза од продажното место „ Христеф“ во скопската населба Радишани. Првиот лоз  ДЕТЕЛИНКА не и донел добивка, но вториот купен лоз СРЕЌНИ ТРКАЛА, ги открил четирите автомобилски тркала, со што и го донесе на Ирена првиот автомобил од овој инстант лоз.

Само за потсетување овој најнов инстант лоз на Државна лотарија на Македонија, беше пуштен во продажба на 24.10.2015 година и чини само 50 денари. Главната премија се седум автомобили VW PASSAT , a во себе крие и уште вредни парични добивки.

По примерот на нашата најнова добитничка, ви порачуваме да играте инстант лотарија и да верувате во својата среќа.

baa

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП