18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Какви се нивоата на глобалната нееднаквост?

График на денот: Какви се нивоата на глобалната нееднаквост?

d grafik

Неодамна „Credit Suisse“ објави извештај според кој половина од светското богатство во моментов е во сопственост на 1% од населението, потсетуваат од „World Economic Forum“ (WEF).

Степенот на глобална нееднаквост претставува предизвик за општествата во целиот свет, додека владите и меѓународните организации се обидуваат да промовираат одржлив и инклузивен раст. Светска банка проценува нееднаквоста во земјите во светот, користејќи го индексот GINI – индикатор за степенот до кој приходите се отстапува од совршено рамномерна распределба. Според скалата на индексот „0“ претставува целосна рамноправност, а 100 – целосна нееднаквост. Графиконите изготвени од „WEF“ ги презентираат резултатите за 2013-та година – последната година со достапни податоци.

d grafik11

Картата претставува интересна слика на глобалната нееднаквост, каде голем дел од светот се враќа кон високо ниво на нееднаквост, вклучувајќи на многу места во Азија, Африка и американските континенти. За разлика од нив, Европа, особено на исток и во скандинавските земји, покажуваат најниски нивоа на нееднаквост.

d grafik22

Во однос на американските континенти најниски нивоа на нееднаквост се евидентираат во Канада со 33,68 поени на индексот „GINI“, но со тоа земјата сепак е доста надолу во листата. За споредба, САД има 41,06 поени, што ги става меѓу Мадагаскар и Русија. Во Јужна Америка голем дел од континентот постигнува високи резултати според скалата „GINI“, а резултатите на Бразил, Колумбија и Чиле се над 50 поени.

d grafik33

Источна Европа и Скандинавија се на пониски позиции на скалата, па Украина, Норвешка и Финска се меѓу најдобрите земји во светот. Генералната слика за Европа, особено во споредба со остатокот од светот, е генерално пониски нивоа на нееднаквост, како и релативно компатибилни нивоа помеѓу земјите на континентот.

d grafik44

За Африка има сериозен недостиг на податоци во споредба со остатокот од светот, но мапата сепак претставува слика на релативно висока нееднаквост. Три африкански земји имаат над 60 поени. Некои земји сепак постигнуваат релативно ниски резултати, на пример Нигер и Етиопија.

d grafik55

Ситуацијата во Азија е крајно разновидна, затоа што некои земји забележуваат релативно висока нееднаквост, додека кај други нивоата се многу пониски. Киргистан постигнува резултат на индексот „GINI“ од 27,4 поени, додека на другиот крај на листата се Филипините со над 40 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП