29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛара Гут победи во Аспен

Лара Гут победи во Аспен

lara-gut-colorado-womens-giant-slalom

Швајцарката Лара Гут победи на вториот велеслалом во Светскиот куп во алпско скијање, кој се одржа во Аспен, САД.

Гут до 13-та победа во кариерата стигна со вкупно време од 2:02.51 минути. Швајцарката по двете возења, во целта, имаше подобро време за само една десетинка од Ева-Марија Браун од Австрија, додека на третото место се најде Италијанката Федерика Брињоне, која победи на првата трка во сезоната, во Зелден.

Миленичката на домашната публика Микаела Шифрин која по првата трка го имаше најдоброто време, не успеа да ја заврши втората трка.

Во генералниот пласман по две трки води Брињоне со 160 бодови, десет повеќе од Лара Гут. Натпреварите во Аспен ќе продолжат со трката во слалом, исто така во женска конкуренција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП