29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА15 начини да го загреете вашиот дом, без да го зголемувате греењето!...

15 начини да го загреете вашиот дом, без да го зголемувате греењето! (фото)

greenje nas

Дали вашите сметки за струја започнаа веќе да растат? Во предвид на топлата есен, до крајот на зимата тие неизбежно ќе ја зголемат својата вредност, а во некои случаи, тоа ќе биде во пати.

За среќа, постојат многу евтини, природни начини за затоплување на живеалиштето, кои не вклучуваат електрични апарати.

Погледнете ги овие 15 трикови кои ќе ви помогнат да ја задржите топлината во домот:

1. Пополнете го просторот меѓу ѕидот и прозорецот со силикон. Така ќе престанете топлиот воздух да излегува надвор. Тоа ќе ве чини мала сума пари, но пак може да се покаже дека ќе ја подигне температурата во просторијата, дури и за неколку степени.

greenje 1

2. Ако е сончево, потргнете ги завесите. Сонцето ќе ви обезбеди многу природна топлина во студените денови. Вратете ги завесите кога ќе се скрие сонцето. Без нив топлината се враќа таму од каде што дошла – т.е. излегува низ прозорците.

Woman drawing the curtain aside

3. Користете завеси во зима за да ја доловуваат топлината и да ја задржат во просторијата.

greenje 3

4. Поставете теписи, по можност со подолги реси, врз дрвените подови и плочките. Тие ќе ја стопираат апсорпција на топлината од подот. Освен што ќе биде потопло, ќе биде и многу пријатно.

Feet on rug

5. Оставајте ја вратата отворена додека се туширате. Така ќе можете да ги искористат предностите на топлиот воздух кој доаѓа од топлата вода, и во други делови од домот, не само во бањата.

200408540-001

6. Користете изолатор за камин, за да го задржи топлиот воздух од бегство низ оџакот. До 20 проценти од него може да избега од вашиот дом на овој начин.

greenje 6

7. Ако живеете во старо живеалиште, размислете за дополнителна изолација на ѕидовите и таванот. Ова сигурно е една инвестиција која се исплаќа преку ниските сметки за електрична енергија.

greenje 7

8. Спијте со термофор со топла вода во кревет. Можеби ви се чини смешно, но е ефективно. Ставете врела вода во термофорот и ставете го под ќебето, во подножјето на креветот. Тоа ќе ве топли во текот на целата ноќ.

greenje 8

9. Кога ќе завршите со печењето, оставете ја вратата на рерната отворена. Топлиот воздух сигурно ќе се разнесе низ целата кујна.

greenje 9

10. Задржете го студениот воздух зад влезната врата со помош на изолациски душеци. Можете да ги купите такви или пак да си направите сами.

greenje 10

11. Изолирајте ги прозорци со помош на фолија за пакување со меурчиња, за да ја намалите загубата на топлина преку нив. Ова, се разбира, не е убава внатрешена опција, но пак е со гарантиран ефект.

greenje 11

12. Изолирајте ги сите соби во домот кои не ги користите и не ги загревате. Колку поголем е вашиот дом, толку поскапо е да се грее. Ако имате празна просторија или простор за складирање, затворете ја вратата и затворете ја добро со фолија за изолација. Така нема да се трошат пари за греење на соба која не ја користите.

greenje 12

13. Обрнете внимание на насоката на вентилаторот. Дури и да ви звучи апсурдно, ако тој се врти во насока спротивна од стрелките на часовникот, тоа ќе го втурне топлиот воздух надолу, а ладниот ќе качи на врвот на собата.

greenje 13

14. Спијте со памучни чаршафи. Тие држат топло во студените зимски ноќи, особено ако ги комбинирате со дебела покривка.

greenje 14

15. Инвестирајте во термостат кој може да се програмира. Така можете да заштедите до 10 отсто на годишно ниво од трошоците за греење и ладење.

Closeup of Hand and Thermostat

И доколку сите овие трикови не ви помогнат, тогаш облечете си волнени чорапи! 🙂

greenje 16

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП