29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУгостителски објекти во Битола, Охрид и Струга продаваат ракија без бандероли

Угостителски објекти во Битола, Охрид и Струга продаваат ракија без бандероли

rakija 333

Во пет угостителски објекти во Битола, Охрид и Струга се продавала ракија, узо, виски и амарето, без бандерола, а во продавница во Прилеп се продавала домашна ракија.

Како што соопшти Царината, во четврток и во петок, повеќе тимови на Царинарница Битола за контрола на обележување и употреба на контролни марки – бандероли извршиле контрола на седум малопродажни и 22 угостителски објекти, кои вршат промет со акцизни добра на територијата на општините Прилеп, Битола, Охрид, Струга и Вевчани.

При пет одделни наоди кај правни лица – угостителски објекти во Битола, Охрид и Струга се привремено задржани 26,2 литри ракија и вкупно 8,75 литри други алкохолни пијалоци – узо, виски и амарето. Кај правно лице, продавница, во Прилеп се привремено задржани 20 литри ракија.

Сите привремено задржани алкохолни пијалоци, во вкупна количина од 54,95 литри воопшто не биле означени со контролни марки, ниту поседувале било каков сертификат за квалитет, а се нуделе на продажба.

Царинската управа уште еднаш апелира на внимателност на граѓаните затоа што конзумирањето неиспитани, потенцијално неисправни алкохолни пијалоци неозначени со контролни марки претставува сериозен ризик по здравјето и животот на луѓето.

Против прекршителите Царинската управа презема соодветни постапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП