19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНазначен е нов извршен директор на Македонски телеком

Назначен е нов извршен директор на Македонски телеком

telekom

Нов извршен директор на Македонски телеком е Тило Куш, досегашен главен директор за финансии во Маѓар телеком.

Одлуката за негово назначување е донесена на денешната седница на Годишното собрание на Македонски телеком.

Куш доаѓа на позицијата главен извршен директор на компанијата на местото на Даниел Сас, чија оставка е констатирана на седницата, а кој ја продолжува кариерата во компанија во Унгарија, изјави по седницата Диме Ковачевски, извршен директор за комуникации во Македонски телеком и Т-Мобиле.

На седницата на Собранието на акционери е усвоена и одлука за исплата на дивиденда за 2012 година во вкупен износ од 5.646.607.282 денари или 91,8 милиони евра. Од вкупниот износ на дивидендата Владата ќе добие 35,5 милиони евра согласно 38,68 проценти од акциите што ги поседува во Телеком. Исплатата на дивидендата ќе се изврши во периодот помеѓу 17 и 30 април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП