19 април, 2024
ПочетнаДИЕТИПолска диета

Полска диета

8469_0

Во различни земји, различно се слабее. Во Полска луѓето сакаат разновидна исхрана богата со овошје и зеленчук. Најважно од се е дека во оваа диета се избегнува постојаното чувство на глад.

Полската диета се држи еден месец, така што секојдневно се менуваат мени А и мени Б. За време на диетата се пијат околу 1,5 л течности, а дополнително се вклучени кафето и чајот. Во зима е корисно во менито да се додаде и кисела зелка.

Полска диета…

 

ПРВА НЕДЕЛА

МЕНИ А

Појадок: 1 чаша топло млеко со лажичка мед, 1 пченкарен двопек

Ужинка: 1 шолја чај без шеќер, 2 парчиња интегрален двопек со тенок слој путер

Ручек: супа од зеленчук, 100 г печено телешко месо, варен компир, овошна салата и сок од лимон

Ужинка: 2 домати или чаша сок од домати, 1 двопек

Вечера: 1 чаша обезмастен јогурт

МЕНИ Б

Појадок: 1 шолја чај без шеќер, 1 интегрален двопек, посипете го со магдонос

Ужинка: 1 чаша јогурт, 1 интегрален двопек

Ручек: 1 чинија супа од зеленчук, 100 г варена риба, 2-3 компири варени, посеани со магдонос, зелка салата (по можност кисела зелка)

Ужинка: овошје или овошен сок (свежо цеден), 1 интегрално колаче

Вечера: 1 чаша млеко, 2 парчиња интегрален двопек со мед

 

ВТОРА НЕДЕЛА8469_1

МЕНИ А

Појадок: 1 чаша овошен или сок од зеленчук (свежо цеден), 1 двопек

Ужинка: 1 интегрален двопек, малку путер и сирење, 1 чаша чај без шеќер

Ручек: 1 чинија супа од зеленчук, 100 г пилешко месо, салата од моркови со лимонов сок

Ужинка: овошје по избор, 2 интегрални бисквити

Вечера: 1 чаша јогурт, 1 интегрален двопек со џем по избор

МЕНИ Б

Појадок: 1 чаша зелен чај со млеко, 1 интегрален двопек со мед

Ужинка: печено телешко месо, 2 домати, 1 шолја чај без шеќер

Ручек: 1 чинија супа од зеленчук, 100 г варена риба, 2 компири, зелка салата (по можност кисела зелка)

Ужинка: 1 чаша јогурт, 1 двопек

Вечера: 1 чај без шеќер, 2 парчиња нискомаслено сирење

 

ТРЕТА НЕДЕЛА

МЕНИ А

Појадок: 1 шолја кафе, 1 интегрален двопек со мед

Ужинка: 1 чаша јогурт, 1 интегрален двопек со путер, 1 варено јајце

Ручек: Супа од печурки, 100 г пилешко месо, 1 чаша сок од портокал

Ужина: овошје по избор, 1 двопек

Вечера: 1 чаша млеко, 1 интегрален двопек, 100 г урда

МЕНИ Б

Појадок: 1 чаша млеко со мед, 1 двопек

Ужинка: 1 шолја чај без шеќер, 2 парчиња интегрален двопек со чадено мисиркино месо, 2 домати

Ручек: супа, печурки или зеленчук на пареа, 2 печени јаболка

Ужина: овошје по избор, 1 интегрално колаче

Вечера: 1 шолја чај без шеќер, 1 двопек, 50 гр туна, 1 јаболко

 

ЧЕТВРТА НЕДЕЛА8469_2

МЕНИ А

Појадок: 1 шолја чај, 1 двопек со мед

Ужинка: 2 парчиња интегрален двопек со путер и 50 г нискомаслено сирење, 1 јаболко

Ручек: супа од зеленчук, 200 г пилешко со зеленчук на пареа, 2 лажици пире од компири, зелка салата (по можност кисела зелка)

Ужина: 1 чаша сок од моркови, 1 интегрално колаче

Вечера: 1 чаша обезмастен јогурт, 1 интегрално колаче

МЕНИ Б

Појадок: 1 чаша јогурт, 1 двопек со путер

Ужинка: 1 варено јајце, 1 двопек со путер, шолја чај, 1 јаболко

Ручек: пилешка супа, 2 варени компири, 1 јаболко

Ужинка: 1 чаша јогурт, 1 двопек

Вечера: 2 парчиња двопек со паштета од соја или печурки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП