25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали и вие сте едни од оние кои одолговлекуваат?

Дали и вие сте едни од оние кои одолговлекуваат?

odolgovlekuvaat

Доколку сите обврски постојано ги одложувате за подоцна спаѓате во големата група на луѓе кои одолговлекуваат. Еве зошто го правите тоа, но и како да ја промените оваа ваша неубава навика.

Ваквите навики можат особено да влијаат на вашата работа. Се поставува прашањето зошто го правиме тоа и на себеси си предизвикуваме дополнителен стрес. Науката вели дека ваквите работи вкушност се длабоко вкоренети во нашиот мозок, пренесува Success.

Ваквите лоши навики полека стануваат наши црти од личноста и многу е тешко да се искоренат. Речиси секоја личност на некој начин одолговлекува, но малкумина од нив тоа го кажуваат. Поточно само 20 проценти од луѓето. Доколку имате проблем да ги обавите задачите во истиот момент, како и проблем со самоиницијативата, организирањето и ефикасноста, вие сте дефинитивно личност која одолговлекува.

Првиот чекор е најтежок. Но ќе видите како со тек на време работите ќе бидат подобри. Кога ќе се впуштите во работа, фактички ќе бидете принудени да продолжите понатака. Истражувањата покажаа дека ќе ја завршите речиси секоја задача ако на почетокот добиете силен мотивационен „ветер во грбот“.

Многумина ќе имаат проблем веќе на почетокот, со првиот чекор. Особено доколку станува збор за тешка задача. Во главата веќе сте си ги замислиле сите лоши сценарија и причини зошто да не се впуштите во таа страшна лавина во која нема ниту малку забава и креативност за вас.

Всушност станува збор за психолошка лага од која не можете да го прескокнете овој проблем. Затоа земете голема задача и разделете ја на мали делови. Всушност полесно ќе пријдете кон решавањето на две, три мали задачи отколку на една голема. Така ќе се чувствувате корисно, па секој мал чекор ќе ве мотивира да го направите следниот. На крајот од обавената работа ќе почувствувате слатка сатисфакција и победа над одолговлекувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП