25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPanasonic ја напушта берзата во Њујорк

Panasonic ја напушта берзата во Њујорк

panasonic1

Јапонската корпорација „Panasonic“ одлучи да ги исклучи своите хартии од вредност од берзата во Њујорк.

Тие, во најбрзо време, ќе поднесат барање до раководството за повлекување на средствата.

Причина за тоа, како што се наведува со во соопштението на „Panasonic“, е „економската неоправданост на нивното присуство на берзата во Њујорк, каде што се тргува со мал дел од средствата на корпорацијата“.

Како што се очекува, процесот за исклучување на „Panasonic“ од листата ќе биде завршен во април оваа година, пренесува „Finmarket“.

Со хартиите од вредност на „Panasonic“ се тргува на берзата во Њујорк од 1971 година. Моментално тоа е единствена странска берза на која е присутна некоја јапонска корпорација и тоа со нешто повеќе од два проценти од вкупниот обрт на компанијата.

Последните години, поради финансиски проблеми, „Panasonic“ беше принуден да напушти некои од светските пазари. Прогнозираната загуба на компанијата за фискалната 2012 година, која во Јапонија завршува на 31 март, изнесува околу 760 милијарди јени (осум милијарди долари). „Panasonic“ е во загуба четврта година по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП