19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата BMW Series 5 ќе пристигне следната година

Новата BMW Series 5 ќе пристигне следната година

petica 33

Развојот на новата генерација „BMW Series 5“ е на финалната фаза, а премиерата на автомобилот ќе се одржи следната година, тврди „Autocar“, откривајќи нови детали за моделот.

Според информациите премиерата на луксузниот седан ќе се одржи во септември 2016-та година за време на саемот во Париз. Караван верзијата ќе ја видиме во Женева во март 2017-та година, а модификација „Series 5 GT“ ќе ја очекуваме во есента истата година за време на саемот во Франкфурт.

Се наведува дека дизајнот на автомобилот ќе биде инспириран од новата генерација на предводникот „Series 7“, така што ќе демонстрира стил, луксуз и динамика. За „BMW Series 5“ е подготвена, исто така и нова платформа – „CLAR“ која ќе овозможи намалување на вкупната маса со околу 100 килограми. Предметната платформа ќе овозможи исто така интегрирање на нови мотори и технологија, а во внатрешноста ги очекуваме познатите од „Series 7“ системот за контрола со гестови, дигиталната инструмент-табла и друго.

Шпекулациите покажуваат дека новата „петка“ ќе може да се нарача со 3-цилиндарскиот бензински мотор со зафатнина од 1,5 литри, кој во моментов се наоѓа на некои од моделите со преден погон на „BMW“. Сепак сигурно најинтересен е новиот дизел мотор. Тој има волумен од 3,0 литри, а развива 408 КС и 750 Нм, тврди „Autocar“.

Новина ќе има и под капакот на спортската опција – „М5“. Таа ќе се потпира на познатиот 4,4-литарски „V8“ мотор, чија моќ сепак ќе биде зголемена до 626 КС. Освен тоа моделот ќе може да се нарача со погон на задните или на сите четири тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП