28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМакедоника ја лансираше новата апликација за читање е-книги

Македоника ја лансираше новата апликација за читање е-книги

e citac 33

Македоника (www.makedonika.mk) ја лансираше новата апликација наменета за читање е-книги на сите Andoid уреди.

Се работи за комплетно нова апликација што се развиваше цели 11 месеци со цел да биде една од најдобрите во светот. Новата верзија е многу побрза, постабилна, поинтуитивна, со поквалитетен приказ на книгите и работи на сите таблети и смартфони со Аndroid оперативен систем. Во соработка со Google, беше тестирана на повеќе од 9.000 различни уреди.

Со новата апликација можат да се „читаат” и сликовници, со што Македоника е единствен е-читач од таков вид во светот.

За потсетување, базата на Македоника ја сочинуваат 36.000 регистрирани читатели на книги и преку 600 објавени бесплатни е-книги од сите жанрови и категории.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП