28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави инфлацијата во Словенија

Забави инфлацијата во Словенија

slo2

Стапката на инфлација во Словенија падна за 0,7 проценти на два проценти овој месец, во време на долготрајна економска слабост која влијае на намалувањето на цените.

Иако скокот на цените на храната и пијалоците од десет проценти и електричната енергија од 11,9 проценти најмногу допринесоа за растот на инфлацијата во последните 12 месеци, цените на автомобилите паднаа за 4,8 проценти, на природниот гас за 9,8 проценти, а цените за телекомуникациските производи и услуги за 3,3 проценти, а тоа ја ограничи инфлацијата, пренесува словенечката агенција СТА.

Овој месец најмногу пораснале цените на облеката и чевлите, за 8,7 проценти, додава Заводот.

Според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени во ЕУ, кои како мерило за инфлација ја користат Европската централна банка, цените во Словенија овој месец во просек пораснале за 2,2 проценти на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП