19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИRaspberry Pi - миникомпјутер за 5 долари

Raspberry Pi – миникомпјутер за 5 долари

mini pc 334444

Компанијата за производство на евтини компјутери „Raspberry“ го претстави најмалиот и најевтин компјутер во историјата – „Raspberry Pi“. Неговата цена е само 5 долари.

За оваа скромна сума дефинитивно може да се каже дека уредот се одликува со извонредни карактеристики. Тој доаѓа со процесор со фреквенција од 1 GHz, 512 MB RAM и може да напојува монитори со резолуција до 1080 пиксели, со „HDMI“-порт.

И додека на уредот нема внатрешна меморија, тој доаѓа со порта за „Micro SD“ картички, во кои корисниците можат да ставаат меморија колку што им е потребна. Една споредба покажува дека смартфонот „iPhone 4“, лансиран во 2010-та година, има 512 мегабајти RAM меморија и процесор со фреквенција од 800MHz.

За да се користи компјутерот сепак, корисниците ќе треба да имаат свој екран, глувче, и тастатура. Оперативниот систем му е „Raspbian“ – верзија на „Linux“.

Уредот е толку мал и поевтино и практично се дава како подарок од списанието „Magpi“ кое е специјализирано за компјутери и технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП