19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо следните пет години во енергетиката ќе се вложат 1,26 милијарди евра

Во следните пет години во енергетиката ќе се вложат 1,26 милијарди евра

energetika2

Вкупно 1,26 милијарди евра за изградба и ревитализација на инфраструктурни објекти во електроенергетскиот сектор, секторот на природен гас, топлинска енергија, нафта и нафтени деривати со точно дефинирани суми и рокови за реализација, предвидува Програмата за спроведување на Стратегијата за развој на енергетиката во периодот 2013-2017 година.

Планираните проекти, пуштање во употреба на ХЕЦ „Бошков мост“, изградба на ветерната електрана во Богданци, на ХЕЦ „Чебрен“, „Луково Поле“ и на уште две термоелектрани топлани, на далекуводите Македонија-Србија и Македонија-Албанија, реконфигурација на далнововди, гасификација,…, се многу амбициозни, оценуваат експерите, но реално остварливи.

– Програмата за реализација на Стратегијата има за цел да ги предвиди и пресретне сите потреби на македонскиот енергетски сектор и да создаде соодветни услови за економски раст, истакна министерот за економија Ваљон Сарачини на денешната промоција.

Според Сарачини, 467 милиони евра ќе бидат потребни за реализирање на проектите преку АД ЕЛЕМ, 400 милиони за проектите по принципот јавно приватно партнерство, 160 милиони евра за проектите што ќе ги спроведуваат приватните инвеститори и 110 милиони евра за проектите на МЕПСО. Државата ќе одвои 60 милиони евра за гасоводниот систем, а дополнителни 15 милиони евра ќе обезбеди локалната самоуправа.

Инвестирањето во енергетиката е клучно особено зашто Македонија е зависна од увоз. Како што нагласија академиците Глигор Канвече и Абдулменаф Беџети поздравувајќи го донесувањето на Програмата, изминатиот период вложувања во овој сектор речиси воопшто немаше, но последниве години не е така. Евидентни се бројни активности иако и тоа не е доволно. За да се сменат состојбите, потенцираа, неопходно е инвестирање од најмалку една деценија.

– Програмата ќе овозможи генерирање нови работни места и значително ќе придонесе во делот на енергетската ефикасност, рече професорот Беџети.

Согласно направените студии, до 2017 година потрошувачката на електрична енергија ќе се зголеми и ќе изнесува 10.500 гигават часови.

За утврдување на потребите од енергија се разгледани две сценарија, првото, основно, според кое потребите од финална енергија до 2017 година се очекува да раснат со просечна стапка од 3,8 отсто, и второто, за имплементирање енергетска ефикасност, предвидува просечниот пораст на потребите од финална енергија до 2017 година да раснат со просечна стапка од 2,7 проценти годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП