23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМоментално најмоќниот модел на Huawei - Mate 8 (фото+видео)

Моментално најмоќниот модел на Huawei – Mate 8 (фото+видео)

mate 8-00

Кинескиот производител на паметни телефони „Huawei“ официјално го претстави новиот модел од највисока класа – „Huawei Mate 8“.

Тој беше наречен од страна на компанијата како „најдобар паметен телефон“ во палетата на производителот.

mate 8-02

Најважните карактеристики на уредот се новиот осумјадрен чип произведен од „Huawei“ – „Kirin 950“ со фреквенција од 2.3 GHz, како и 6-инчен дисплеј со резолуција од 1080 пиксели. Во однос на екранот корисниците може да се малку разочарани, во предвид на шпекулациите кои се појавија претходно, дека тој ќе е со повисока резолуција од 1440 x 2560 пиксели.

mate 8-04

Направен од високо квалитетен алуминиум, смартфонот располага со 2.5D-стакло, како и сензор за отпечатоци. Тој ќе се нуди во четири бои – златна, сребрена, сива и кафена.

mate 8-03

Во однос на софтверот смартфонот располага со последната генерација на оперативниот систем „EMUI 4.0 OS“ базирана на „Аndroid 6.0 Marshmallow“. Софтверот ќе овозможува гласовно контролирање, режим за заштеда на батеријата и друго.

mate 8-01

Официјално смартфонот ќе биде претставен на саемот „CES 2016“ во почетокот на следната година, како ќе биде пуштен во продажба првично во Кина во првиот квартал на следната година. Се уште не е познатата цената на уредот, како и кога ќе биде достапен на меѓународните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП