19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААдеми: Развивањето на претприемничкиот дух кај младите е повеќе од неопходно

Адеми: Развивањето на претприемничкиот дух кај младите е повеќе од неопходно

ademi-ademi

Развивањето на претприемничкиот дух кај младите е повеќе од неопходно почнувајќи од образованиот систем и понатаму во контекст на доживотното учење, рече денес министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, на регионалната  конференција „Младинско претприемништво во регионот на Западен Балкан“.

„Креативноста и иновативноста се потребни во секоја пора од општествениот и економскиот живот на Република Македонија. Затоа Министерството за образование и наука во континуитет  превзема мерки со кои претприемничкото образование се практикува како дел од редовниот наставен процес. Училиштата имаат значајна улога во креирање и реализација на претприемничкото образование, затоа што најголем дел од претприемничките вештини можат да се вградат и изучуваат во редовните наставни програми“, рече Адеми.

Министерот истакна дека во образовниот систем на Република Македонија направени се  измени во наставните содржини при што  се воведени теми од областа на претприемништвото и иновациите по 6 предмети во деветгодишното основно образование.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП