19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony ја освои „битката“ кај конзолите

Sony ја освои „битката“ кај конзолите

GameStop Vegas 2013

Јапонскиот производител на електроника „Sony“ објави дека продал 30.2 милиони конзоли „PlayStation 4“ во последните две години.

Податоците сведочат дека компанијата остварува подобри резултати во војната кај конзолите, која ја води главно со американскиот конкурент „Microsoft“. Податоците го опфаќаат периодот од ноември 2013-та година до 22-ри ноември оваа година.

Резултатот покажува сериозно покачување во однос на 20,2-те милиони конзоли продадени од компанијата до 1-ви март. За жал, продажбата на најголемиот конкурент на „Sony“ – оние на „Xbox“ на „Microsoft“, не се објавени до денес. Во минатиот ноември од „Microsoft“ објавија дека продале 10 милиони конзоли. Во резултатите за трите месеци до крајот на јуни од „Microsoft“ објавија дека продале 1,4 милиони конзоли „Xbox“ за тој квартал. Меѓутоа од таму не прецизираа дали станува збор за последната конзола „Xbox One“ или за постари нејзини верзии.

Во меѓувреме продажбата на „Nintendo Wii U“ изнесува 10.73 милиони примероци до 30-ти септември.

Податоците од „Sony“ стануваат реалност, откако од компанијата ја намалија цената на конзолата во Јапонија, САД и Европа пред почетокот на божиќните и новогодишните празници во акција чија цел е да ја поттикне продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП