24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроектот „Супер Марио“ во поддршка на старите и изнемоштени лица во Прилеп

Проектот „Супер Марио“ во поддршка на старите и изнемоштени лица во Прилеп

stari prilep

Градоначалникот Марјан Ристески го потпиша во средата договорот меѓу Општина Прилеп и Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески Платник“ за продолжување на проектот „Супер Марио“.

Со реализацијата на споменатиот проект во домашни услови, домот за стари лица „Киро Крстески- Платник”, ќе обезбеди подобрување на квалитетот на живот на стотина семејства на стари лица на возраст над 65 години, во период од 12 месеци преку директна поддршка на основните животни продукти и одржување на хигиената на нивните домови.

За имплементација на планираните активности со проектот „Супер Марио”, Општина Прилеп обезбеди финансиски средства во износ од 1,2 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП