18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air ја збогати флотата со Ербас А321ceo

Wizz Air ја збогати флотата со Ербас А321ceo

nn 00

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, минатата недела почна да оперира со својот нов Ербас А321ceo кој располага со 230 седишта.

„Најголемата корист од новиот Ербас A321 е пониската цена која можеме да им ја понудиме на нашите патници, како резултат на својата поголема ефикасност наспроти нашите сегашни A320s.“, вели Џон Стивенсон, извршен потпретседател на Wizz Air.

„Новиот Ербас A321, може да се пофали и со еден нов модерен ентериер, кој и во иднина ќе ги намали штетните емисии врз животната средина“, истакна Стивенсон

nn 01

Првиот Wizz Air A321ceo, започна со комерцијални летови од Будимпешта до аеродромот во Лондон Лутон, на 20 Ноември оваа година. Покрај овој Ербас, компанијата Wizz Air има дополнителна нарачка на 26 нови Ербас A321ceo авиони, кој треба да бидат испорачани до 2018 година, вклучувајќи ги тука и вториот кој треба да биде испорачан во декември и уште девет во текот на 2016 година. Првите четири A321ceо, ќе бидат со седиште во Будимпешта, а последователните испораки ќе бидат распоредени низ најпопуларните мрежи на Wizz Air.

„Среќни сме што го имаме новиот Ербас A321, кој ќе го зголеми капацитетот на најпопуларните рути и ќе и овозможи на компанијата да има бенефит и од најефтините летови, ние сме убедени дека A321ceo ќе помогне ефикасно да расте побарувачката за воздушен сообраќај на WizzAir,“ изјави Кристофер Бакли – извршен потпретседател во Ербас, на Африка, Европа и Азија (Пацифик).

nn 02

Вклучувањето на A321ceo, најголемиот член од семејството A320, ќе му овозможи на Wizz Air да се соочи со зголемената побарувачка од страна на патниците за евтини летови во Централна и Источна Европа.

Во првата половина од фискалната 2016 година (годината завршува на 31 Март 2016 година), Wizz Air превезе 10,7 милиони патници, со што имаше зголемување од 20 проценти споредбено со истиот период од минатата 2015 година и исто така го зголеми факторот на товар на  90,7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП