29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПариз: Дефицитот поголем од очекуваниот

Париз: Дефицитот поголем од очекуваниот

defi1

Франција ја ревидираше проценката за дефицитот во последните две години, а како причина се наведуваат економскиот пад и финансиската помош за една банка.

Канцеларијата за национална статистика соопшти дека дефицитот на Франција во 2011 година изнесувал 5,3 проценти од бруто домашниот производ – БДП, односно за 0,1 проценти повеќе отколку што претходно се веруваше. Дефицитот минатата година изнесуваше 4,8 проценти.

Владата во 2012 година се обиде да го намали дефицитот на 4,5 проценти. Министерот за финансии Пјер Московиси изјави дека Франција не ја постигнала својата цел, поради тоа што на крајот од годината на банката „Dexia“ и дала уште пари и затоа што растот бил побавен од очекуваниот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП