24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрогласени најдобрите угостителски објекти за 2015 година

Прогласени најдобрите угостителски објекти за 2015 година

ugostiteli

Ресторанот „Мексикански Амигос“ и гостилницата „Канцона“ се овогодишни победници во изборот во рамки на манифестацијата „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2015“.

Во категоријата ресторани, второто место го делат .„Буши“  и „Венето“, додека трет е ресторанот „Маргер“. Кај гостилниците втора е „Бисера Ив“, додека на трето место се најде гостилницата „Рори“ (Ројал Рустикана).

Кристијана Ивановска од Агенцијата СВОТ ДООЕЛ- Скопје, што го спроведува истражувањето, рече дека годинава во текот на истражувањето коешто се спроведе во периодот од 1 до 30 октомври, од вкупно 100 угостителски објекти, 15 гостилници се со високи  над 90% и 19 ресторани, и потенцираше дека и годинава ниту еден угостителски објект не забележал ниски резултати, односно под 50%.

Со проектот и годинава беа опфатени 50 ресторани и 50 гостилници на територијата на градот Скопје, кои со вкупно 300 посети, или секој по три пати, се оценуваа според следниве  критериуми: прв контакт со вработените, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храната и завршен контакт на вработените со гостите.

Плакетите на  најдобрите три гостилници и најдобрите три ресторани, денеска им ги врачи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

„Целта на манифестацијата „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2015“ е да се издвојат најпрестижните и најдобрите ресторани и гостилници во градот, што секако ќе биде поттик за подобрување на квалитетот на услугата, односот со гостите, како и на целокупниот амбиент во сите угостителски објекти во Скопје“, рече Трајановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП