18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКвалитетот на државните институции ќе се подобрува со ИСО стандарди

Квалитетот на државните институции ќе се подобрува со ИСО стандарди

ivo

Сите министерства до крајот на оваа година треба да се сертифицираат со ИСО стандард, а останатите државни институции што за годинава не обезбедиле финансии за таа намена се должни да воведат  таков стандард до крајот на следната година.

Обврските за сертифицирањето на државните органи се предвидени со Предлог законот за воведување систем за управување со квалитет и заедничка рамка за проценка на работењето и давањето услуги во државната служба,  што го усвои Владата  во вторникот.

– Воведувањето на системот за управување со квалитет на услугите треба  да обебзеди високо ниво на задоволство на корисниците на услугите на државната служба преку достигнување или надминување на очекувањата на корисниците, рече денеска на прес-конференција  министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

За да се подобри управувањето со квалитетот во работењето и давањето услуги се воведува најмалку основниот стандард ИСО 9001, а зависно од  надлежностите на органите може да се воведат и други типови ИСО или македонски стандарди кои ќе го надополнуваат основниот стандард. За подобрување на управувањето со квалитетот во работењето и давањето услуги во државните органи се воведува заедничка рамка на проценка преку вклучување на вработените и самооценка, врз основа на насоки и упаттства изготвени од МИОА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП