29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТелеком со празнична понуда - Фамилијарен буџет за Magenta 1 корисниците

Телеком со празнична понуда – Фамилијарен буџет за Magenta 1 корисниците

magenta-eden

Македонски Телеком, во пресрет на новогодишните празници, воведува нова понуда за Magenta 1 корисниците – Фамилијарен буџет.

Корисниците коишто ќе ја искористат понудата ќе добијат заеднички буџет со кој ќе може да одберат смарт телефон, таблет или телевизор.

Износот на Фамилијарниот буџет зависи од минималната месечна обврска за мобилните линии во рамки на Magenta 1 пакетот.

Со специјалната празнична промоција, корисниците на Magenta 1 S можат да купат LG Leon смартфон за 1 денар, Magenta 1 М – SAMSUNG Galaxy TAB 3 таблет со надворешна тастатура за 1 денар, а Magenta 1 L телевизор Toshiba 32E2533DG HD ready за 1 денар.

Kако дополнително празнично изненадување, од Телеком подаруваат оригинален дрес од ракометниот клуб Вардар. Понудата важи за сите нови и постојни Magenta 1 корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП