25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија се закани со прекин на испораките на гас за Украина поради...

Русија се закани со прекин на испораките на гас за Украина поради долгови

gasifikacija222

Рускиот министер за енергетика Александар Новак рече дека Русија ќе ги прекине испораките со гас за Украина во скоро време поради неплатени испорачани количина од овој енергент, јавија руските медиуми.

Русија и Украина постигнаа на 26-ти септември договор за снабдување на Украина со руски гас во текот  на претстојната зима по неколкумесечните преговори со посредство на Европската унија.

Со договорот е предвидени на Украина да и бидат обезбедени испораки на гас до март наредната година.

Новак информираше дека Украина до сега платила само еднаш аванс за гас и дека Москва ќе мора „денеска или утре“ да ја прекине испораката.

Поради претходни спорови меѓу двете држави, Русија ја прекина испораката на гас кон Украина, а со прекинот со снабдување на руски гас во 2009-та година беа погодени и државите во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП