19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо 15 милиони евра Владата ќе поддржи развој на семејни бизниси во...

Со 15 милиони евра Владата ќе поддржи развој на семејни бизниси во руралните средини

vlada_RM

Со средства во износ од 15 милиони евра, Владата ќе поддржи отворање нови или проширување на постојните семејни бизниси во руралните средини. Поддршката на Владата ќе се доделува за бизниси од областа на земјоделското производство, алтернативно земјоделско производство, занаетчиство, туризам и услужни дејности.

Како што појасни на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, средствата на Владата ќе бидат наменети за покривање на 50 проценти од инвестицијата за отворање или развој на семејните бизниси. Најмала инвестиција за која граѓаните ќе можат да побараат поддршка е во висина од 3.000 евра, а Владата ќе покрие половина или 1.500 евра, а највисоката сума може да достигне од 300 до 400 илјади евра од кои половина како поддршка ќе ги обезбеди Владата.

За анимирање на граѓаните Владата подготвува кампања во која претставници на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и Агенцијата за вработување на Република Македонија на терен ќе им објаснуваат во кои се сфери може да се добие поддршка од Владата и помош при изготвувањето на бизнис-плановите. Основен услов кој треба да го исполнат граѓаните за да добијат финансиска поддршка од Владата покрај бизнис-планот е да ги имаат исполнето обврските по основ на даноци и придонеси, и да се од руралните средини.

Приоритет во добивањето на средствата ќе имаат оние бизниси кои ќе овозможат поголем број вработувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП