29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајслабата алка на работа

Најслабата алка на работа

slaba-lak

Многу успешни луѓе не кријат дека им биле потребни повеќе години за своите слабости да ги претворат во сила…

Ви се чини дека вашите колеги се попаметни, поспособни, повешти, покреативни од вас? Можеби имате проблем со самодовербата, а можеби и навистина е така. Но, не се грижете, бидејќи мааните можете да ги завртите во своја корист.

За почеток, размислете за своите квалитети. Сигурно ги поседувате, инаку работодавецот не би ве толерирал. Кога ќе го пронајдете одговорот на тоа прашање, во што сте најсилни, развивајте ја таа способност.

Кај областите во кои сте „тенки“ дајте си време. Сфатете го тоа како маратон, а не трка на сто метри. Многу успешни луѓе не кријат дека им биле потребни неколку години своите слабости да ги претворат во сила, што резултирало со напредување во кариерата.

На тој долг пат, најдобри сојузници ви се трпението, посветеноста и упорноста. Учете од подобрите така што ќе ги гледате како работат, ќе ги крадете нивните вештини и ќе им поставувате прашања. Овде многумина грешат, бидејќи егото не им дозволува да покажат дека нешто не знаат, но водете се до фактот дека најглупаво прашање е она кое не е поставено. Работете на себе, усовршувајте се, учете во слободното време.

Заборавете на натпреварувањето и докажувањето. Оној момент кога ќе си признаете на себе си дека има попаметни и поспособни работници од вас, ќе започне вашата преобразба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП