28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПовторно ќе штрајкуваат стјуардите во Lufthansa

Повторно ќе штрајкуваат стјуардите во Lufthansa

ufo-lufthansa-streik

Стјуардите во германскиот авиопревозник „Lufthansa“ најавија дека повторно ќе штрајкуваат, пренесоа светските агенции. Синдикатот на стјуардите „UFO“ прецизира дека протестите ќе се одржат на 26-ти, 27-ми и 30-ти ноември.

При претходниот штрајкувачки бран во авиокомпанијата беа откажани 4,7 илјади летови, прецизира „Ројтерс“. Тоа ја чинеше компанијата загуба од десетици милиони евра.

Судирот меѓу „UFO“ и раководството на германскиот авиопревозник трае веќе речиси две години. Во декември 2013-та година „Lufthansa“ соопшти за намалување на трошоците, за да се справи со конкуренцијата од страна на нискотарифните компании.

Дел од мерките во оваа насока беше отстранувањето на раното пензионирање.

И во почетокот на месецот стјуардите штрајкуваа, бидејќи не беше постигнат договор со раководството во врска со прашањата поврзани со плаќањето, пензиските исплати и возраста за пензионирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП