24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од 550.000 невработени во БиХ

Повеќе од 550.000 невработени во БиХ

bih1

Бројот на невработени во БиХ во јануари, во споредба со истиот месец од минатата година е зголемен за 13,867 лица.

Вкупниот број на невработени во БиХ во овој момент изнесува 550.000, објави директорот на Агенцијата за статистика на Босна и Херцеговина, Зденко Милиновиќ.

Бројот на невработени во јануари, прецизираше тој, изнесува 554.714 лица, што е за 2,5 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година.

Тој објасни дека меѓу невработените, една третина се висококвалификуваните и квалификуваните работници.

Според Милиновиќ, невработени се речиси 34,820 лица со високо образование, меѓу кои има и доктори и магистри, а помеѓу евидентираните, поголем број се жени, односно тие сочинуваат 50,2 проценти.

Во јануари, пренесува агенцијата Хина, се зголемил и бројот на вработени лица за 0,3 проценти и сега нивниот број изнесува 651,342 лица. Повеќето луѓе кои се вработиле, својата работа ја нашле во администрацијата и услужниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП