24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да го создадете моментот „Еурека“

Како да го создадете моментот „Еурека“

man-eureka-idea

Овој момент во психологијата е познат како „Аха“ момент и често им се препишува на генијалните умови како што бил Ајнштајн, а всушност го поседуваме сите. Тоа не значи дека сите можеме да ја поставиме Теоријата за релативноста, но кој знае…

Еурека доаѓа благодарение на новата идеја и поврзувањето на работите во вашиот мозок. Се започнува од знаењето и информациите. Затоа често слушате дека успешните луѓе и милијардерите советуваат да читате што повеќе. Кога имате знаење тогаш можете да го пуштите тоа да се поврзува и дели во вашиот мозок. За да го направите тоа потребно е да се опуштите и да го пуштите мозокот да ви работи.

Еве како изгледа овој мозочен процес:

1 чекор – наполнете го мозокот со знаење и информации за проблемот кој сакате да го решите. Ова се сирови материјали кои се подготвени за понатамошна обработка во процесот на создавање на идеи.

2 чекор – потсвесно обидувајте се со различни информации кои се базираат на материјалот со кој се „нахранивте“.

3 чекор – во среќни околности во форма на надворешни стимуланси се појавува инпут кој ви помага да се фатите во костец со вашиот предизвик.

4 чекор – вашиот мозок создава идеи  за голема вредност врз основа на знаењето со кое сте го наполниле и со стимулација на среќните околности.

Значи, она што е потребно е да работите на себе, да размислувате пошироко и постојано да го храните својот мозок со цел хоризонтите пред вас да ви се отвораат. Ова досега ви се случувало безброј пати, а за тоа не сте ни биле свесни. Тоа истото може да ви се случи и во многу важна ситуација, кога го градите својот пат кон успехот. Она што е потребно е учење и посветување на време на релаксацијата, со цел мозокот да може да му се посвети на проблемот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП