28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВрачени наградите „13 ноември“ на Град Скопје

Врачени наградите „13 ноември“ на Град Скопје

koce nagredi 33

Во петок вечер, во Македонската опера и балет, се одржа свеченоста по повод одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13 Ноември.

Во рамки на свеченоста, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на добитниците на признанието „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2015 година, им ги врачи наградите и им се обрати на присутните гости.

„И по 71 година од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември не го губи значењето како најзначаен датум во поновата историја на главниот град на Република Македонија. 13 Ноември сé уште е симбол на слободата, мирот и достоинството на граѓаните од сите националности, но и почеток на забрзан развој, на креативен подем, но и на засилена урбанизација. Иако, има уште многу да се изгради, уреди и дополни како урбани содржини, сметам дека денес скопјани се горди на својот град и на условите за заедничко живеење. Ние не запираме на постигнатото, затоа што на сите нивоа на власта постои очигледна решеност да се искористат сите постоечки ресурси за достигнување на идеалот за модерно, современо и европско Скопје, а пред сé да се создаде град соодветен за брзиот начин на живот на 21-от век. Историјата не може да се врати, но секако и денес вреди да се потсетиме на херојските дела на генерал Михајло Апостолски, на Цветан Димов, на Кузман Јосифовски – Питу, на Панче Неделковски и на сите други што ги посветиле животите за слободниот просперитет на нашиот град. Скопје бил и останува политички и културен центар на нашата татковина и затоа сметам дека ова е вистинска прилика да им се оддаде целосна почит на плејадата борци и преродбеници од разни периоди на историјата кои или постојано дејствувале во Скопје или поминале значителен дел од својот живот во нашиот град. Затоа што делото на ослободителите не е изолиран чин на ангажман предизвикан од актуелните настани во Втората светска војна, туку континуитет на вековна организираност во разни форми на борба за самостоен развој. Секоја активност бара да се направи најдоброто што може и затоа Градот Скопје денес е безрезервно посветен на реализирањето на програмите и проектите. Оваа градска власт нема избор освен да го задржи ова ниво на ангажираност и во иднина. Наша обврска е на идните генерации да им оставиме град во чиј лик ќе препознаваат висок степен на ангажман, односно да им ја пренесеме нашата енергија на посветеност кон потребите на граѓаните, како што тоа го направија претходните генерации неимари“, рече градоначалникот Трајановски.

Годинешни добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2014 година се: од областа на науката и публицистиката Димитар Мирчев и Беким Кадриу, од областа на образованието и воспитанието Баки Бакиу, од областа на културата Џабир Ахмети и Братислав Димитров, од областа на уметноста и архитектурата Јелена Жугиќ и Јован Стефановски –Жан, од областа на здравствената заштита и хуманитарната активност Поликсена Илиоска и Гордана Петрушевска, од областа на спортот Стојна Вангеловска и Игор Стефановски и за ученици и студенти Марко Младеновски.

Во името на добитниците, пред присутните се обрати проф. д-р Димитар Мирчев, кој се заблагодари за ова високо признание и на присутните им го честита 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје.

„Скопје како главен град на Република Македонија во изминативе 71 година стана центарот на творештвото и развојот, каде се остварени многу дела во многу сфери: културата, спортот, уметноста и науката. Ние сме горди што имавме можност да дадеме мал придонес во овој развој. Денес, Скопје претставува една модерна европска метропола“, изјави Мирчев.

Во рамки на свеченоста по повод Денот на ослободувањето на Скопје, во фоајето на МОБ, беше отворена и изложба на ликовните дела, што беа насликани на Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2015“, а по доделувањето на наградите, во чест на добитниците и по повод празникот на Скопје, се одржа концерт на првенците на Македонската опера и балет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП